„Најсреќниот човек на светот“ со македонска премиера на 27 октомври

Од:

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска патува низ светот по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и Торонто и одличниот прием од страна на светската критика.

Овој месец, „Најсреќниот човек на светот“ патува на пет фестивали.

„Започнавме со ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Киев, Украина кое беше проследено со предавањето од страна на режисерот Теона С. Митевска. Полната сала во Киев, и крајно емотивната проекција на филмот во Киев проследена со звуци од сирени, зборува за значајноста на оваа приказна и овој филм кој крајно искрено говори за тешкотиите и можностите за помирувањето по воените разорувања, за длабоките траги и трауми кои остануваат врежани засекогаш кај сите оние зафатени од немилосрдниот виор на војната“, истакна Лабина Митевска.

Од Киев, „Најсреќниот човек на светот“ продолжува во Хаифа – Филмскиот Фестивал во Израел од 8 до 17. октомври каде ќе биде прикажан во исклучителната силна главна конкуренција. Потоа патува во Бразил на Интернационалниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро кој започнува на 21. октомври. Во месец Октомври филмот ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Загреб, по што веднаш следува и кино дистрибуција на филмот во Хрватска.

„Како што најавивме во Венеција, наскоро „Најсреќниот човек на светот“ го носиме и во Скопје. Македонската премиера на Националниот претставник за Оскар закажана е на 27. октомври во Кино Милениум“ изјави Лабина Митевска.

Турнејата на „Најсреќниот човек на светот“ за десеттиот месец ќе заврши во Словенија каде ќе се натпреварува за наградата Весна за малцински копродукции на Филмскиот фестивал во Ровињ.

Би можело да ве интересира

„Најсреќниот човек на светот“ денес во Венеција, продадени сите карти

Македонија со „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на Венецијанскиот филмски фестивал

Новиот филм на сестрите Митевски во официјална конкуренција на Берлинале

Наум Локоски

Мето Јовановски и Теона Митевска добија по половина милион евра за филм

Предраг Петровиќ