Мето Јовановски и Теона Митевска добија по половина милион евра за филм

Од:

Петтиот филм на Теона С. Митевска со работен наслов „Господ постои, се вика Петрунија” и режисерското деби на актерот Мето Јовановски „Стравот и љубовта”, кој ќе режира заедно со српскиот автор Бранко Балетиќ, добија по половина милион евра од Агенцијата за филм.

Како што објави Агенцијата, на конкурсот од февруари годинава поддржан е уште еден долгометражен филм „Можеби” на Кастриот Авдили со 325 илјади евра.

“Господ постои, се вика Петрунија” на Митевска е по нејзино и сценарио на босанската авторка Елма Татарич, а во продукција на „Систерс и брадер Митевски продакшн”.

Бранко Балетиќ, корежисерот на Мето Јовановски, е автор на култниот југословенски филм „Балкан експрес”. Продуцент на нивниот филм е „Гејзер”.

Филмот на Кастриот Авдили е по сценарио на Мони Дамевски и Том Вотерс, а во продукција на “Дарданиа филм”.

Агенцијата за филм поддржала уште три долгометражни играни филмови со малцински македонски удел, тоа се филмовите „Истерувачи на злото”, дебитантско дело на Раско Миљковиќ од Србија, со 47.000 евра за продуцентот “Дрим фектори”, потоа „Компатибилити” на бугарскиот автор Стефан Командарев со 55.000 евра за продуцентот “Сектор филм”, „Соседи” на грузискиот автор Григол Абашиџе, со 52.000 евра за „Смол мувс”, продукциската куќа на Светозар Ристовски.

Поддржани се и пет долгометражни документарци и еден долгометражен анимиран филм: „Јон Вардар против Галаксијата” на Гоце Цветановски, кој доби 260.000 евра.

На конкурсот што Агенцијата го распиша во февруари биле пријавени вкупно 79 проекти, а поддржани се 25, меѓу кои 13 краткометражни филмови.

Би можело да ве интересира

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

„Банана филм“ на Манчевски поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм