Познати театарски групи од Холандија, Англија, Јапонија, Бразил, Иран и Русија ќе бидат дел од јубилејниот 40-ти Интернационален театарки фестивал „Млад отворен театар“, најавија денеска на прес-конференција организаторите на МОТ по повод успешното затворање на 39. издание.
– Соработка со ИТМ мрежата за перформативни уметности за организирање на конференција на ниво на Југоисточна Европа за татарските фестивали во Европа, организирање на „Берза“ односно македонски маркет на македонски продукции во соработка со ИТМ мрежата во која 20-тина директори на татарски фестивали од Европа ќе можат да видат каков „продукт“ може да понуди МОТ, се дел од активностите што ќе ги имаме во наредниве 365 дена за јубелејното 40. издание на МОТ, истакна извршниот продуцент на МОТ, Русе Арсов.
Како ретроспектива за 39-тото издание на МОТ, директорот на МКЦ Златко Стевковски, информираше дека процентот на реализирани билети на овогодинешниот МОТ е 87 отсто, што покажува пораст од 10 проценти во однос на минатата година.
За најавените продукции од Европа и светот, Стефковски потенцира дека за реализирирање на таа програма потребен е и одреден буџет за што, како што рече, потребно е Министерството за култура, Градот Скопје и компаниите да смогнат сили да се случи ова 40. издание на МОТ.