Наградa и диплома од прв степен и Јубилејна грамота за струшкиот поет Петко Шипинкаровски

Од:

Струшкиот поет Петко Шипинкаровски е добитник на Висока награда и диплома од прв степен за песните „Езеро“, „Мочуриште“ и „Плагијат“, како и наградата „Јубилејна грамота“ за дебитантско учество, на десеттиот Меѓународен славјански конкурс за преводи во поезијата (2016, 2017) што го распиша еден од најголемите руски портали стихи ру – Москва, организиран од руската поетеса Олга Малцева Арзиани.

Шипинкаровски беше меѓу големиот број поети од Русија, Бугарија, Украина, Белорусија и Канада, номинирани од Меѓународното жири во состав Владимир Манчев, претседател и Евгенија Георгиева (Бугарија), Соловевна Валентина Василевна, Елена Арзиани и Олга Малцева Арзиани од Русија.

За овој голем поетски меѓународен натпревар, циклус од дваесеттина песни се преведени од Вања Ангелова (Бугарија) на бугарски јазик и од Олга Борисова (Русија) на руски јазик, а песни на рускиот поет Александар Књазев (Русија) се преведени од руски на македонски јазик од Шипинкаровски.

На овој голем меѓународен поетски натпревар наградени се и поетите Христо Петрески и Весна Мундишевска Велјановска

Песните на македонските поети Шипинкаровски, Петрески и Мундишевска Велјановска ќе бидат публикувани во збирно издание, алманах.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска