Набавка на книги во библиотеката „Кочо Рацин“ во Крива Паланка

Од:

Во градската библиотека „Кочо Рацин“ која е во состав на Центарот за култура во Крива Паланка, ќе бидат набавени нови книги – лектирни изданија и белетристика, со поддршка на Министерство за култура.

– Со годишната програма за работа одобрени ни се проекти за набавка на белетристика и лектирни изданија, за реализација на програмски активности на библиотеката и материјални трошоци за реаливација на програмата. Најголем дел од средствата ќе се потрошат за надополнување на лектирните изданија, а на претстојниот саем на книга ќе набавиме и актуелни наслови белетристика. Библиотеката засега е опремена со добар фонд стручна литература од повеќе области, изјави Даниела Петровска, раководител на библиотеката.

Во рамки на редовните активности таа најави повеќе промоции на книги и поетски читања.

– Покрај промоциите и книжевниет собири, ќе ја возобновиме и традиционалната манифестација „Книгата – наш прозорец кон светот“ која се одржува во манастирот „Св. „Јоаким Осоговски“. По повод денот на книгата, на 21 април членови на лиетратурниот клуб „Калин“, кој функционира во нашата установа, ќе учествуваат на манифестацијата „Пролет, љубов, смеа“ во Домот на култура „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе, додаде Петровска.

Истакна дека годинава инетесот за читање споредено со лани е речиси двојно поголем, па од јануари досега се зачлениле околу 150 читатели.

– Очекуваме претстојниот период да се зачленат други стотина читатели, со оглед на досегашниот голем интерес за зачленување. Сите 150 членови се активни читатели на различна возраст, но најголем процент се повозрасни, што говори дека помладите се помалку читаат, за жал. Апелирам младите, пред се учениците, да не посетат и да одберат наслови од богатиот книжен фонд, дополни Петровска.

Ги повика оние кои имаат книги во домовите, а сакаат да ги донираат, да ги донесат во просториите на библиотеката секој работен ден.

Градската библиотека „Кочо Рацин“ во Крива Паланка располага со 52.000 библиотечни единици, белетристика, стручна лиетратура, лектирни изданија, книги за деца, енциклопедии…

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска