На Саемот на книгата промоција на шест романи од познати европски автори

Од:

Во рамки на официјалната програма на Меѓународниот саем на книгата книгоиздателството „Бата прес“, денеска од 15 до 16 часот, во промотивниот центар ќе ја претстави новата едиција „Огледалото на Европа“ (Europae speculum).

Станува збор за 6 преводи на книги – романи од познати европски автори, што се објавени со поддршка на Европската унија, со програмата „Креативна Европа“.

Ќе бидат промовирани книгите „Оваа слобода“ од Пјерлуиџи Капело (Италија), „Другиот град“ од Михал Ајваз (Чешка), „Сите птици распеани“ од Еви Вајлд (Велика Британија), „Нултиот час“ од Лота Лундберг (Шведска), „Истоветниот пат на секојдневието“ од Габриела Адамештеану Романија и „Зоненшајн“ од Даша Дрндиќ (Хрватска).

Од книгоиздателството информираат дека покрај претставниците на издавачот, преведувачите на делата, најавено е и доаѓање на претставници од некои од амбасадите, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и други љубители на книгата и на европската литература.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска