На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен британскиот продуцент Сајмон Пери добитник на „Голема Ѕвезда“

Од:

ИФФК „Браќа Манаки“ денес приреди отворена средба со британски продуцент Сајмон Пери, годинашен добитник на наградата „Голема Ѕвезда“ за исклучителен придонес за македонската кинематографија што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија.

Наградата „Голема Ѕвезда“ за Пери е резултат на неговиот ангажман како главен продуцент на „Бритиш скрин“, еден од продуцентите на „Пред дождот“, најуспешниот македонски игран филм, беше посочено на средбата со новинарите во Битола.

– Со овој дел од светот прв пат соработував токму со режисер од Македонија, со Милчо Манчевски кој ми ја презентираше идејата за „Пред дождот“. Потоа филмот беше брзо снимен исто како што историјата во тоа време брзо се менуваше во овој дел на светот. Како што е познато тој филм потоа доби големи меѓународни признанија, истакна Пери.

Тој на новинарско прашање во врска со влијанието на „БрЕгзит“ врз филмската индустрија рече дека на тој план нема да се чувствуваат некои посебни влијанија и дека британското кино ќе функционира исто како и досега дури во иднина британските филмови почесто ќе прават копродукции со што ќе има поголем интерес за европски копродукции после „БрЕгзит“.

Сајмон Пери од минатата година е директор на Интернационалната продукција за филм во западна Шведска, претседател е на Ателјеата за европски филм во чиј состав е Форумот за размена на најдобри европски пракси, односно Форум за лидери од агенциите за финансирање на филмови и за интервенирање на филмскиот пазар.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски