На „Браќа Манаки“ претставен израелскиот кинематографер Бејач, се одбележува 100 години од раѓањето на Бергман

Од:

Фестивалскиот ден на „Браќа Манаки“ денеска почна со претставување на кинематограферот на филмот „Фокстрот“, Ѓора Бејач. Филмот е прикажан во конкуренција за наградата „Златна камера 300“.

– Се обидуваме да имаме различни филмови, со различни естетики и кинематографии. Секогаш размислуваме за целосниот квалитет на филмот. Го гледав „Фокстрот“ на Фестивалот во Венеција и немавме можност да го донесеме на фестивалот истата година, но еве го тука, рече селекторот Благоја Куновски-Доре.

Бејач пред неколку години освои „Бронзена камера 300“ за филмот „Либан“, едно ремек-дело на ИФФК „Браќа Манаки“.

– Главните предизвици на еден филм се да ја донесеш приказната и ситуацијата, гнев и ситуација која во Израел ја викаме „тропање на врата“. Главна цел ни беше да ја донесеме на платното со цел да прикажеме како се чувствува ликот и се обидовме камерата да изгледа како да е внатре во ситуацијата, а не да биде набљудувач. Сакавме да покажеме дека неговиот свет се распадна, во моментот кога го губи синот, а кадарот одозгора требаше да го постигне тоа. Инаку, работам со рачна камера „Ари алекса“. Тоа е она што ми се допаѓа, зошто не треба да работам многу во постпродукција. Оваа камера овозможува сликата да не биде премногу остра, ми се допаѓаше тој стил, но сепак тоа е мој вкус, рече Бејач.

Посочи дека филмот веќе е прикажан во Израел, кај филмската критика поминал одлично, а го гледале околу 130.000 луѓе.

Во чест на одбележувањето на 100 години од раѓањето на Ингмар Бергман, шведскиот режисер, вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде прикажан филмот „Персона“ снимен во 1966 година на остров во Балтичкото Море каде живеел авторот, таму ги снимал филмовите и таму е погребан. По тој повод амбасадорот на Шведска, Матс Стафансон и директорот на Кинотеката на Македонија, Владимир Ангелов ја претставија програмата за одбележување на јубилејот.

Би можело да ве интересира

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска