Настанот насловен „Дом, за да не ни тежат облаците“ ќе се одржи денеска на Архитектонскиот факултет во Скопје, со почеток во 18 часот.
Настанот има повеќе содржини и е по повод промоцијата на 13. број на уличното списание „Лице в лице“, кое се фокусира на темата „Домувањето како човеково право“.
Вечерта почнува со трибината „Домувањето е право“, за потоа, во 19.30 часот да биде промовиран 13. број на „Лице в лице“.
Следно е доделувањето награди за најдобрите учесници на конкурсот „Мојот дом“ ( во соработка со „Просветно дело“ и „Свислион“), како и за најуспешните продавачи на „Лице в лице“ (во соработка со „Хабитат“ Македонија).
Во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Моментни живеалишта“ на студентите од прва година на Архитектонскиот факултет.