Музички медитации инспирирани од Учителот и неговите ученици

Од:

Изложбата „Учителот и неговите ученици“ е обид да се истражи влијанието кое еден учител го втиснал во творештвото на неговите ученици, како и особеностите кои учениците ги развиле независно, во текот на нивниот творечки век.
Покрај вештините, неизбежно, учителот им пренесува на учениците и дел од неговите лични убедувања и животни ставови.

Инспирацијата која Георгиевски ја црпи од музиката е јасно видлива низ сите периоди на неговото творештво. Во своите предавања и разговорите со своите ученици, тој често пати прави компарации помеѓу цртежот, бојата и перспективата од една и музичката хармонија и тонот од друга страна. Помеѓу неговите многубројни Учители и Ученици отсекогаш имало композитори, аранжери, инструменталисти…

Во овој контекст, а по повод последниот ден на изложбата „Учителот и неговите Ученици“, на 17 јуни, во 20:00 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје, Дино Имери, македонски реномиран пијанист, композитор и професор, ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени композиции инспирирани од изложените дела на Владимир Георгиевски, Никола Пијанманов, Наташа Милованчев, Наташа Божарова, Марија Панчевска Маринчиќ, Ана Андроска и Марина Убавкова.
Влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река