Музејот на македонската борба одбележува две години од постоењето

Од:

Националната установа Музеј на македонската борба денеска одбележува две години од постоењето.

По две години работа на Музејот, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска забележа дека заложбите на Владата за изградба на еден ваков музејски комплекс, ги потврди сите верувања дека Музејот ќе прерасне во, како што вели, една огромна туристичка посетеност и туристичка атракција.

– Сите бројки и сите анализи до овој момент го потврдуваат тоа и навистина ми е драго. Сакам да им се заблагодарам на сите кои дадоа огромна поддршка во изградбата на оваа инвестиција, на овој музејски комплекс, кој ќе го одбележи и минатото, и сегашноста и иднината и ќе оддаде почит и благодарност за сите наши македонски личности кои се бореа за една наша независна и самостојна држава, нагласи Канеческа-Милевска.

Во делот на едукативниот карактер, истакна дека Музејот овозможи интерактивна комуникација и со учениците.

– Над 40.000 ученици го имаат посетено Музејот, каде што можат да остварат навистина едукативна интерактивна комуникација со сето она што го изучуваат во книгите сега на директен начин да го посетат, да го видат и да се запознаат од пишаната документација, како и да се запознаат со сето она што водичите можат да го кажат и што е презентирано во Музејот, рече министерката за култура.

По повод одбележувањето на вториот роденден на Музејот, беа доделени плакети и парична награда за најдобрите музејски работници и благодарница за најдобар надворешен соработник на Музејот.

– Со едно вакво одбележување на оние кои вредно работеа минатата година сметаме дека ги мотивираме сите вработени и понатаму да продолжат со својата работа и да нижеме успеси онакви какви што досега имавме, па и повеќе од тоа, изјави директорот на Музејот Бранислав Светозаревиќ.

Музејот, нагласи тој, се гордее со плакетата за најдобар надворешен соработник која оваа година ја доби Туристичката агенција „Фибула травел“, која донесе преку 10.000 странски посетители.

 – Тоа е високо ниво на соработка меѓу субјектите од јавниот и приватниот сектор и покажува дека ако навистина заеднички работиме и соработуваме државата може да има од тоа навистина убав бенефит, рече Светозаревиќ.

Музејот е посетен од над 100.000 посетители од повеќе од 50 држави од сите континенти. Во јуни, јули и август годинава 33 отсто од гостите што го посетиле Музејот се индивидуални странски туристи.

Во Музејот на македонската борба претставени се 109 восочни фигури, 69 уметнички слики-масовни сцени и 17 портрети. Збирката на оргинални предмети брои 1.187 експонати.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска