МРТ ќе ја поништи последната одлука за субвенционирање домашна музичка продукција

Од:

Вчера, во Министерството за култура на Република Македонија се одржа состанок меѓу претставници на Министерството за култура и Македонската радио-телевизија, за да се разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

„На состанокот заеднички беше констатирано дека актуелниот Закон е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен.

Исто така, констатирано е дека Македонската радио-телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура, ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017 година.

Претставниците на Министерството за култура и МРТ се договорија во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција“, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје