Монографија за Институтот за национална историја

Од:

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска ќе биде промовирана монографија за Институтот за национална историја (ИНИ) од проф. д-р Марјан Димитријевски, научен советник во ИНИ.

Повод за изданието е 65-годишнината од формирањето и работата на ИНИ.  Формиран е во 1948 година како прв научен институт, лидер и репрезент на научната мисла во тогашната Народна Репбулика Македонија.

– Монографијата „Историја на Институтот за национална историја“ на преку 200 страници научно го презентира институционалниот развиток на ИНИ и на историската наука во изминатиот шест и полдеценски период. Ова дело ја опишува историјата на овој реномиран научен институт од областа на националната историја, но и на историчарите-научници во НРМ/РМ, нивната научна еволуција во каузата за одбрана и презентирање на националната историја пред домашната и пред светската научна јавност, соопшти ИНИ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска