Монографија „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“

Од:

Деновиве излезе од печат интересна монографија на познтите скопски филателисти Климе Поповски и Виктор Габер „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“.

Во оваа монографија преставени се текстови и мотиви на поштенски марки издадени во Република Македонија, во поранешната СФРЈ и со странство, а се однесуваат на историјата, културните споменици во Скопје и околината, пред и по земјотресот во 1963, како и значајните личности кои делувале во градот и меѓународните спортски натпревари кои се одржале во Скопје.

Монографијата за Скопје на поштенски марки е печатена на македонски и на англиски јазик на 114 страници, а нејзиното издавање беше овозможено и со средствата од Јавниот повик за програми и проекти од интерес за град Скопје за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ во Задар

Промовирана монографијата на Наташа Диденко „Октомвриски фестивали на народни игри и песни од Битола, Штип и Скопје 1947-1952“

А1он

Промовирана монографијата за маестро Ловро Матачиќ

А1он

Монографија од истражувањата на локалитетот Градиште во Таор

Ана Ололовска

ФДУ промовираше монографија за Димитар Ќостаров

Ана Ололовска