Монодрами од Македонија и Бугарија вечерва на Фестивалот во Битола

Од:

Јубилејното 20-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2018“ вечер продолжува со две монодрамски претстави на кои ќе настапат актери од Македонија и Бугарија.

Пред битолска публика ќе бидат изведени монодрамата „Јас Селма“ во која настапува актерката од Македонија, Симона Спировска. Автор и режисер на монодрамата „Јас Селма“ е Милош Андоновски.

Во вечерниот термин од 22 часот, во Центар за култура-Битола ќе настапи и бугарскиот актер Михаил Милчев, член на театарот Артсенсориум од Софија, кој ќе ја изведе монодрамата „Мадам Мишима“ чиј автор е Елена Алексиева, а режисер Калин Ангелов.

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2018“ завршува утревечер со монодрамата „Ќиро Блажевиќ“ во изведба на популарниот хрватски актер и шоумен Тарик Филиповиќ. Од фестивалскиот прес центар информираат дека влезниците за гостувањето на Тарик Филиповиќ биле распродадени пред почетокот на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање