МОБ со претставата „Петар Пан“ гостува во Прилеп

Од:

Ансамблот на Македонската опера и балет вечер со балетската претстава „Петар Пан“ ќе гостува во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Претставата во кореографија на Џејмс Амар со почеток во 19 часот ќе биде изведена за учениците во основно училиште.

Публиката ќе има можност да ужива во одличната балетска претстава за деца на МОБ, во која се раскажува за лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери.

– „Петар Пан“ е приказна за палавото момче кое може да лета и одбива да расте. Го поминува своето детство во авантури на малиот остров Недодија, како лидер на неговата банка „Изгубени момчиња“ заедно со сирени, Индијанци, самовили, пирати и одвреме навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет, истакнаа од ЦК „Марко Цепенков“, напоменувајќи дека со овој проект на основците им се пружа можност да се запознаат со балетот како изведувачка уметност и да уживаат.

Сценограф на балетската претстава за деца е Зоран Крстевски, а костимограф Марија Пупучевска.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска