МОБ на Меѓународен фестивал во Банкок

Од:

Со поддршка од Министерството за култура, на 13, 15 и 16 септември 2014 година Македонската опера и балет (МОБ) ќе учествува на 16. Меѓународен фестивал на музика и игра во тајландскиот културен центар во Банкок.

МОБ, во копродукција со театарот „Лирико“ од Рим, утре ќе је изведе операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Под диригентската палка на Џузепе Сабатини, ќе настапат солистите Благој Нацоски, Паоло Кони, Анџела Низи, Мауро Корна, Џесика Роуз Камбио, Алесио Потестио, Итало Проферише и Џулија де Блазис.

На 15 септември солистите од МОБ и од театарот „Лирико“, Салваторе Кордела, Итало Проферише, Пиетро Навиљо, Џесика Роуз Камбио, Алесио Потестио, Мауро Корна и Анџела Низи, ќе ја изведат и операта „Боеми“ од Џакомо Пучини.

Хорот при МОБ, во соработка со „Нова Амадеус оркестра“ од Рим, на 16 септември ќе настапи на оперски концерт на кој ќе бидат изведени дела од Џузепе Верди, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Винченцо Белини и Пјетро Маскањи.

На овој културен настан што ќе трае до 28 октомври, ќе настапат познати светски имиња и ансамбли како Зубин Мехта, Израелската филхармонија, Балетот од Штутгарт, Оркестарот од Базел.

Фестивалот на музиката и танцот во Банкок се одржува под покровителство на принцезата Маха Сириндорн, а е во чест на роденденот на кралот на Тајланд.

Би можело да ве интересира

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ