МНТ со „Животот е прекрасен” на фестивалот „Митем“ во Будимпешта

Од:

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“, во режија на Александар Морфов, денеска ќе гостува на престижниот Меѓународен театарски фестивал „Митем“ во Будимпешта.

МНТ соопшти дека со ова гостување почнува меѓународното претставување на „Животот е прекрасен“.

– За МНТ ова ќе биде голем предизвик и искуство да застане рамо до рамо со врвни театарски куќи и светски познати режисерски имиња. На фестивалската програма на четвртото издание на Фестивалот ќе се прикажат театарски куќи од 11 земји со претстави потпишани од страна на врвни режисерски имиња: Еуџенио Барба, Валериј Фокин, Атила Видњански, Давид Дојашвили,Томас Ричардс, Виктор Рижаков, Александар Морфов, Ана Петерсон, Раду Африм, Алвис Херманис, Искандер Сакаев, Римас Туминас, Силвиу Пуркарете, Еимунтас Некрошиус и други, посочуваат од МНТ.

Целта на фестивалот е да се презентира извонредна разновидност на уметноста на театарот од целиот свет. МНТ годинава ќе биде дел од официјалната програма на МЕСС, а потоа следуваат гостувања во Грац, Виена, Загреб, Белград, Подгорица, Хамбург, Берлин, Торонто.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ