Младите поети од ООУ „Лазо Трповски“ со награди во Јапонија

Од:

Ученичките  Александра Исајловска и Матеа Шутарова од ООУ „Лазо Трповски“ во општина Карпош, со есеи на тема „Да создаваме подобра иднина преку образованието“, добија престижна награда, во конкуренција од 12.937 учесници од 153 земји на Меѓународниот литературен натпревар за млади што се одржа во јапонскиот главен град Токио.

Поетското натпреварување  во организација на УНЕСКО и фондацијата „ГОИ“ од Токио се одржа по повод одбележување 71 година од основањето на УНЕСКО. Покровител на оваа културна „традиција“ е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.

ООУ „Лазо Трповски“ е добитник на специјална награда за поттик. Основците беа координирани од тројцата наставници-ментори Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик, Соња Јовановска, предметен наставник по македонски јазик и Лилјана Симоновска, предметен наставник по англиски јазик.

Личната творба не смее да содржи повеќе од 700 зборови и беше напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштето, германски или англиски јазик. Наградата на ООУ „Лазо Трповски“, како што известија од општина Карпош,  ќе му  ја врачи  конзулот на Јапонија во Македонија, Казу Лешниковска.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска