Млади кинематографери од Финска и Унгарија претставени на „Браќа Манаки“

Од:

Во рамки на годинашниов ИФФК „Браќа Манаки“ денеска во Битола беа претставени уште три кинематографери од помладата генерација, чии филмови се дел од главната компетиција и програма „Перспективи на европскиот филм“.

Фестивалот е домаќин на кинематограферот Јани Петери Паси од Финска, кој работел на филмот „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“, како и на младите кинематографери Давид Гајч и Акос Ковач од тимот на филмот „Не е времето на мојот живот“ на унгарскиот режисер Заболч Хајду. И двата филмови котираа одлично на европските филмски фестивали оваа година, беше посочено на средбата со новинарите во Битола.

– Финска е мала држава, а филмовите обично не добиваат големи буџети. И покрај тоа, среќни сме што годишно имаме 15 премиери, што може да се смета за добар успех, рече Паси.

Гостите од Унгарија Гајч и Ковач посочија дека и покрај несогласувањата со Министерството за култура во Унгарија и нискиот буџет од 10.000 евра, сепак подготвиле театарски претстава, а подоцна и филм.

Во рамки на фестивалските настани се одржа и презентација на потпрограмата МЕДИА од програмата Креативна Европа на ЕУ, наменета за европската аудиовизуелна индустрија и поддршка на европските филмските работници за развој на нови филмски проекти.

Македонскиот деск на МЕДИА програмата го претстави Владимир Стојчевски, кој потенцираше дека Македоинија е членка на МЕДИА од 24 јули 2015 година, додека со конкретни проекти почна да функционира од 1 април 2016.

Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ и „МакеДокс“ се двата фестивали што годинава добија поддршка од оваа европска програма.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски