Со изложба, поетско-сценски перформанс, филмски маратон и музика, Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска ќе го одбележува роденденот.
Изложбата насловена „Простор, Човек, Симбол” е на Александар Станкоски.
Во поетско-сценскиот перформанс „Песнило“ ќе учествуваат Васко Маглешев, Цветанка Колева, Драгица Јорданоска, Владимир Котески, Љупка Антеска, Андреј Ал-Асади, Ивана Стојковска, Игор Трпчески, Васил Божикалиев, Снежана Стојчевска, Мартин Богатиноски, Стефан Марковски, Ева Петрушевска, Дончо Мишовски, Николина Василевска, Даниел Карески, Ана Стојаноска, Митко Гогов, Кристијан Јорданов, Перо Сарџоски, Александар Станојков, Слаџана Шимрак.
Водител на програмата е Иван Шопов. Во бифе МКЦ музика ќе селектираат Саша Павловиќ, Соња Исмаил и Шурбе(ира), а во киното „Милениум“, ќе има бесплатен 24-часовен филмски маратон.