Младинскиот културен центар (МКЦ) соопшти дека ги одложува настаните, а воедно и програмата на фестивалот МОТ закажани за денеска, утре и задутре, по тридневната жалост прогласена поради автобуската несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 македонски граѓани.
-Сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Посакуваме побрзо закрепнување на останатите патници, посочуваат од МКЦ.
За новите датуми на одржување на настаните од МКЦ навремено ќе информираат.