Митрикески избира локации во Преспа за снимање на новиот филм

Од:

Режисерот Антонио Митрикески заедно со полскиот директор на фотографија Јарек Шода беа да ги разгледаат локациите на крајбрежјето на Преспанското Езеро, каде од 20 мај ќе почне да се снима неговиот најнов филм „Деца на сонцето“, по сценарио на култниот писател Гордан Михиќ.

Шода и Митрикески соработуваат уште од студентските денови во Полска, каде Антонио има дипломирано на Државната школа за театар, филм и телевизија во Лоѓ, на отсекот на филмска и ТВ-режија во 1987 година.

SONY DSC

Шода беше директор на фотографија и на претходниот игран филм на Митрикески, „Како лош сон“.

– Пресреќен сум што повторно ќе работам со Митрикески. Јас и тој многу лесно наоѓаме заеднички јазик, а понекогаш се разбираме и без зборови. Љубовната приказна на Михиќ буквално ја голтнав од првиот до последниот ред. Деновиве уживав покрај Преспанското Езеро, кое мислам дека е совршена локација да се наслика приказната за филмот, изјави Шода.

Планирано е да се снима 36 дена. Речиси сите локации се покрај самото езеро, каде што ќе бидат изградени и адаптирани објекти.

prespa lokacii - mitrikeski i shoda.

Ова е трет игран филм на Митрикески на кој му претходат „Преку езерото“ во 1997 година и „Како лош сон“ во 2003 година. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе глуми и епизодна улога. Главната машка улога му е доделена на младиот македонски актер Кире Ѓоревски.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Словенија и Србија. Најголемиот дел од средствата се обезбедени од македонскиот Филмски фонд.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ