(Интервју) Мирјана Карановиќ: Со сопствен пример се учи демократија

Од:

Славната српска актерка Мирјана Карановиќ, која неретко ја споредуваат со Мерил Стрип, годинава учествуваше на Сценаристичкото катче на 34. издание на фестивалот Браќа Манаки. На работилницата, Карановиќ го развива сценариото за филмот кој таа го работи заедно со еден млад режисер од Белград, под наслов „Добра сопруга“.

Таа од Битола заминува за Загреб каде ќе игра помала улога во филм. Нејзиниот следен поголем проект е улогата на мајката на Никола Тесла, во биографската американско српска копродукција под наслов „Тесла“. 

Неодамна изјавивте дека на дело е едно бескруполозно општество, во кое единствените критериуми се партиски и материјални, како ги коментирате уметниците и интелектуалците кои избраа да молчат за тоа?

Секогаш се обидувам да ги следам работите преку сопственото искуство, јас се гледам како еден „просечен“ случај“, во смисла на човечко искуство, иако не мислам дека моето искуство е на каков било начин поинакво од искуството на сличните на мене и мислам дека насекаде се случува тој замор. Веќе долги години постои еден речиси детски и нереален ентузијазам на интелектуалците дека работите можат да бидат дефинитивно променети  и контролирани доколку ја имаат таа супериорна логичка вредност.  Тоа е она што е евидентно, тоа е она што не можете да го побиете. Но се работи за следново: противниците тоа воопшто не ги интересира,  вие можете да викате, погледнете имаме дoкази дека  тоа е вака, тоа точно, а противникот ќе рече што ми е гајле, ти немаш моќ над мене, можеш само да си зборуваш, јас сум тој што ја има вистинската моќ.  А таа моќ се состои од тоа што таа нема срам, нема чувство на вина, не постои извалкан образ кој мораш да го исчистиш и затоа денешните моќници се помоќни од кога било. Затоа што не можеш да ги доведеш под прашање со никаква вистина. Тие едноставно се имуни. Ниту голата вистина не ги вознемирува, да ги натера да се почусвуваат лошо, да се почуствуваат виновни. Каква било афера, во морална смисла…Она што најчесто моќниците ги тргнува од сцената најчесто се тие финансиски афери. Значи парите. Никогаш не се работи за моралот, за принципи, туку секогаш се поставува прашањето на материјални средства и тоа се сопнуваат. Сето останато, моралните категории се ставени во втор план, дури и кога постојат, тие бидуваат покриени од материјалните причини. Значи еден човек може да се компромитира само преку парите, никогаш не се кажува ништо за моралните принципи, не се кажува дека тој човек е ѓубре, лаже, ги малтретира децата, се однесува лошо кон жените, не, тоа не е важно, можеш да бидеш каков што сакаш, тоа е дури пожелно и прифатливо…Така што мислам дека таа количина на безобѕирност е нешто пред кое јас и луѓето слични на мене едноставно се повлекоа, Јас се повлеков, застанавме вџашени. Затоа јас одлучив да бијам една друга битка, а тоа е да бидам креативна, да создавам нешто свое, затоа што во војната со таквите луѓе ми се чини дека го губам својот живот.

karanovic 2

Што е со уметниците што создаваат по диктат?

Но јас не создавам по диктат, веќе немам време за површните луѓе, не сакам мојот живот да го одредуваат лошите луѓе. Не сакам тие да го контролираат мојот живот. Мојот рецепт за опстанок во овој момент е да создавам повеќе и подобро од кога било. Затоа тргнав да пишувам сценарио, затоа одлучив да режирам филм, затоа одлучив да Ви го кажувам ова. Затоа што тоа е мојот израз, тоа е мојот начин нешто да направам.

Новиот национализам поинаков отколку оној во деведесетите повторно дига глава. Ова Ве прашувам во контекст на нападите што ги трпите заради улогата во филмот „Грбавица“ и Вашите ставови во врска со жртвите во Сребреница и осудата на српската страна

Мора да признаам дека тоа цело лаење мене не ме фасцинираше, воопшто не сум фасцинирана. Ниту пак тоа ме ужасна. Тие луѓе и припаѓаат на онаа реченица „кучињата лаат, карванот си врви“, секогаш себеси се гледав како караванот и тој навистина само си врви, а тие и натаму си лаат. Многумина се обидуваат тие кучиња, тие ѕверки или ѕверчиња да ги замолчат или дресираат. Јас никогаш немав таква потреба или желба. Затоа што мојата цел, просторот што сакам да го освојам не е просторот на таквите луѓе, туку оние кои не знаат дали да тргнат по караванот или да му се придружат на чопорот. Бидејќи навистина има многу луѓе кои само гледаат и не знаат каде да тргнат, на една или на друга страна. За тие луѓе јас се борам, а тоа во најголем број се младите луѓе. Неопределените…

Учествувате во протести на културните дејци, протестирате против газењето на човековите права, правата на хомосексуалците, правата на жените. Како се вклопува оваа борба во вашиот креативен ангажман?

karanovic 3

Па, тоа е логично нели? Не можам да бидам ова што сум а притоа да не ги правам и тие работи, тоа ми е природно, не се работи за некаков специјален напор. Демек работам едно, ама се занимавам и со тој општествен ангажман, па нормално дека ќе се занимавам! Не мислите сигурно дека ќе останам на страна! Тоа сето е еден пакет, не можете да се борите  за една работа, а се’ друго да игнорирате и да кажете – немојте мене, пуштете ме, не сакам да се мешам…

Но, многу уметници се повлекоа од страв

Знам, тоа е истата работа, но јас не можам така. Се сеќавам кога заврши диктатурата на Милошевиќ и кога се формираше првата демократска влада во Србија, се поставуваше прашањето дали да се оди на протести против Милошевиќ. И некои луѓе велеа секој мора да оди, а јас им велев: Слушајте ако се бориме за демократија, ако вистински се бориш за неа, тогаш мораш да дозволиш да некој и да не оди. Тоа не е лесно. Таа личност што сака да остане настрана може да не ви се допаѓа, можеби не сакате да се дружите со неа или да бидете пријател со таа личност.. Но, мора да дозволиш, таа особа има право да не сака. И кога така ги поставуваш работите, тогаш знаеш што сакаш ти, што работиш ти и никој да не сака тоа да го прави, ти ќе работиш нешто затоа што е твое, а колкумина ќе се придружат или не – тоа не ме интересира. Единствен начин некого да охрабрам да се бори за вистинската работа е да направам нешто, па некој тоа да го види и да рече: аха, така треба да постапам и јас, но јас не можам да те земам за рака и да ти кажам – Мора! Ајде ајде ајде! Не, јас можам сама да направма нешто и да се надевам дека ќе најдеш храброст да ме следиш, или да ти покажам дека тоа е добро,  нешто што не е страшно, дека е супер. И токму затоа за таа борба за вистинската работа, да се промени нешто на подобро, да се изгради нешто такво, треба време, треба трпение, треба енергија која не не е уривачка. А деструктивната енергија е опасна, кратка брза, а оваа другата не смее да биде опасна ако има намера да гради добри работи.

Зашто ништо не може да се изгради со закани! Затоа велам дека тоа не краткотрајна активност – тоа е начин на живот.

Како ги коментирате состојбите во културата, не само во Србија, тку во целиот регин, дали проблемот се само парите или има и некои морални прашања на кои треба да се одговори

Се разбира, тоа си оди едно со друго.  Мора да видиме што ќе се случува. Не знам како е кај вас но во Србија, проблемот е системски. Не постојат правила на игра , се уште се развлекува оној стар систем уште од времето на социјализмот. Партиската поделеност се уште е проблем, потоа начинот на организирање, како се финасира, кои се критериумите, што се целите. Тоа зависи од личностите кои ќе се најдат на некоја функција. Некаде доаѓаат добри луѓе и прават одлични работи, некаде ќе дојде некоја будала и ќе растури се’.

Не знам како ќе оди натаму, не сум доба прогнозер, тоа ми се случи и со војната, сите велеа – ќе има војна, но јас тоа не го гледав, немам таква логика и фала му на Господа  што е така!

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ