Министерство за култура: Реконструкцијата на Центарот „Григор Прличев“ нема да запре

Од:

Министерството за култура реагира на, како што наведува во соопштение, изнесени невистини од пратеникот Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција дека министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги прекинал и ги поништил постапките за реализација на проектот за реконструкција, надградба и за осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Од Министерството уверуваат дека реконструкцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ нема да запре.

– Пратеникот Јовановски тврди дека веќе бил обезбеден буџет, дека било избрано идејно решение и фирма проектант за изработка на потребната проектна документација, по што би се започнало со градежните активности за реконструкцијата на објектот. Имено, лага е дека за овој објект бил обезбеден буџет и оти била завршена постапката за избор на проектант. Всушност, токму за тоа идејно решение бил распишан тендер за избор на проектант, а поради промени во буџетот, односно несоодветно испланирани финансии за реализација, врз основа на член 169 став 1 алинеја 5 од Законот за јавни набавки, министерот за култура одлучи да ја поништи оваа постапка, наведува во реакција Министерството за култура.

Од изнесените наводи, посочува, точно е само тоа дека досега било избрано само идејното решение за новиот изглед на Центарот за култура.

Министерството за култура укажува дека веќе ја анализира документацијата за проектот, по што ќе следува избор на проектант преку јавен тендер, подготовка на проектната документација, постапка за избор на изведувач, како и сите понатамошни процедури во согласност со закон.

Како што потенцираат од Министерството за култура, реконструкцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ нема да запре. Напротив, стои во реакцијата, охриѓани ќе добијат модерен објект, достоен за овој град, а не уште една градба, со која би се нарушила архитектноската хармонија на Охрид и статусот на заштитен град од страна на УНЕСКО, и би продолжила праксата на недомаќинско, нетранспарентно, коруптивно и криминално трошење на парите на граѓаните. – Охрид е град со пребогата историја, кој заслужува центар за култура што ќе се вклопи во неговата преубава и светски позната архитектура, а не уште едно скапо, грдо и нефункционално здание, со кое безмилосно ќе се трошат и злоупотребуваат буџетските средства, наведува Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ