Миле Ѓорѓијоски победник на фестивал на сатира во Шабац

Од:

Македонскиот сатиричар кој живее и твори во Делчево, Миле Ѓорѓијоски е овогодинешен победник на најистакнатиот фестивал на хумор и сатира на Балканот – „Белосветски фестивал за хумор и сатира“ во Шабац, Република Србија. Фестивалот се одржува во рамки на манифестацијата „Шабачка чивијада” од 13 до 15 септември.

– Чест ми е што по вторпат победувам на ваков реномиран фестивал каде конкуренцијата секогаш е голема. Оваа година учествував со афоризми на различни теми од обични преку политички и еротски до детски. Афоризмите се специјално направени за фестивалот и истите ќе бидат промовирани на главната вечер во четврток, истакна Ѓорѓијоски.

Традиционалната манифестација која ги негува хуморот и сатирата овој септември ќе се организира по јубилеен 50-ти пат. Годинава учество зеле околу 150 сатиричари од целиот Балкан, а пристигнати биле над 2.500 афоризми. Ѓоргијоски е единствениот Македонец кој двапати издвојувал победа, прв пат победил во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Подготвена програмата за фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Ана Ололовска

Вечер на македонскиот афоризам по деветти пат во Кочани

Ана Ололовска

Излезе од печат „Сатирични ѕврчки“ од Крум Николовски

Ана Ололовска

Македонската сатира збогатена со насловот ,,Сатирични мистерии” од Миле Ѓорѓијоски

А1он

„Сатирични мистерии” прва книга од македонски сатиричар објавена на странски јазик

Ана Ололовска

Утре почнува фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“