Утре почнува фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Од:

Во домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница утре почнува меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ што годинава ќе се одржи по единаесетти пат.

Во рамки на петдневната фестивалска програма публиката ќе може да види звучни комичарски имиња од Македонија и соседните земји, кои како актери, сатиричари и карикатуристи ќе продефилираат на театарската сцена во Виница, при што главен фокус има театарската комедија.

– На самото отворање на фестивалот ќе ги прогласиме најдобрите карикатуристи од конкурсот за карикатура чие мото годинава е „Трагачи по парадокси“, а нивните дела, заедно со останатите што пристигнаа, ќе бидат претставени на заедничка изложба. На театарската сцена прв ќе настапи актерот Сашо Тасевски со „Северно од Македонија“, а во вторник гостува бугарска театарска група од Благоевград со „Живот, макар и краток“. Следниот ден, по вторпат годинава, ќе се одржи Интернационална вечер на хумор, сатира и карикатура. во чии рамки ќе промовираме две нови збирки со афоризми, „Женско писмо“ и „Трагачи по парадокси 2“. Тоа ќе биде и петта книга од фестивалската едиција „Балканска сатира“, по што истата вечер ќе гостува театарот „Бора Станковиќ“ од Врање, истакна Јовица Илиев, директор на домот на културата „Тошо Арсов“.

Програмата на фестивалот вклучува и едукативни часови по хумор и карикатура за средношколците од Виница, а едукатори ќе бидат Никола Драгаш и Миле Ѓорѓијоски.

В четврток гостува театарот од Лесковац со претставата „Половњаче“, а овогодишниот „Ин Виница веритас“ ќе биде заокружен со настапот на актери од Народниот театар од Битола со комедијата “Кокошка“, во режија на стендап комичарот Маријан Ѓоргиевски.

Поддршка во организацијата на Фестивалот доаѓа од Министерството за култура и од локалниот бизнис сектор, а покровител е Општина Виница.

Би можело да ве интересира

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

(ВИДЕО) Почна „егзодусот“ од Burning Man, 64.000 луѓе во колоната

Време е за светскиот звук дома: Музиката на светот на 14. издание на фестивалот во Битола