Мицко Дамњановски – нов уметнички раководител на Операта

Од:

Националната опера и балет информира дека Мицко Дамњановски е назначен за нов уметнички раководител на Операта. Тој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017.

Дамњановски во 2002 година дипломирал на Факултетот за музичка уметност, отсек – туба, а магистрирал во 2006-та на Кралскиот конзерваториум за музика во Брисел на отсек туба. Во оркестарот на НОБ се вработил во 2007 година, а претходно кратко време работел во Бриселската филхармонија.

Постојан член е на Меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник е на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар…), како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Националната опера во Тирана, Црногорскиот симфониски оркестар.

Дамњановски е основач на „Брасстет Скопје“ во 2019 година и има настапено на „Охридско лето“ и на други фестивали во земјава.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска