„Метаморфози“ – најнова премиера на сцената на Битолскиот театар

Од:

 „Метаморфози“ е деветтата премиерна претстава со која Битолскиот театар ќе ја заврши 2015 година.

Автор и режисер на претставата е гостинката од Бугарија Лилија Абаџиева, која со свое дело на сцената во Битола се појавува по пауза од 10 години, односно по претставата „Женидба“ што ја режираше во 2005 година, соопштија од НУ Народен театар-Битола.

– Во Македонија секогаш доаѓам со голема радост и тука го оставам срцето. Во подготовката на оваа претстава може најтешко беше да се избере насловот на претставата, а потоа благодарение на извонредните и талентирани актери мислам дека подготвивме голем театарски настан кој јас ќе го паметам цел живот. Метаморфози се занимава со невозможноста да се справиш со желбите на срцето, односно тоа што го сака срцето потоа го плаќа со цената на душата, истакна режисерката Абаџиева на денешната прес-конференција во Битола.

Во претставата „Метаморфози“ ќе настапат актерите Марјан Ѓорѓиевски, Катерина Аневска, Васко Мавровски, Мартин Мирчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Никола Пројчевски, Кристина Христова Николова, Иван Јерчиќ, Филип Мирчевски и Сандра Грибовска, а премиерата е закажана за 28 декември.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза