„Метафори на постоењето“ – изложба на уметници од Македонија и Полска во Велес

Од:

Во организација на Народниот музеј синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата насловена „Метафори на постоењето“ на ликовните уметници од Македонија Стојче и Емилија Тоциновски, и нивните колеги од Полска, брачните парови Олга Лалич Кравицка и Камил Кравицки, Јаина Смола и Марин Смола  и Јакуп Неиџела.

Тие во Велес се претставија со 18 дела со различни изработки и техники: акрил на платно,фотографија,цртеж и компјутерска графика.

Како што појасни ликовниот уметник Стојче Тоциновски, тој и сопругата Емилија Тоциновска која исто така е ликовен уметник, заедно творат веќе три години.

– Ние работиме во техника  акрил на платно, а специфично за нас е и тоа што двајцата заедно работиме на едно платно, исто како да работи една рака. На нашите минијатурни платна се изработени пејсажи кои се стилизирани и апстрахирани, веле Тоциновски.

Инаку изложбата првично во декемви беше отворена во КОРА при Домот на градежници во Скопје, а по Велес, во наредните месеци се во преговори да ја презентираат и пред ликовната јавност во Полска.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“