„Метафизички слики“ – изложба на Иво Пецов во КИЦ – Софија

Од:

Изложба „Метафизички слики“ на Иво Пецов ќе биде отворена денеска во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Со 20 дела, изработени во техниката масло на платно, авторот ги разоткрива плодовите од својата дејност во последните 12 месеци.

„Оваа чудна година остави сериозни последици врз нашиот начин на мислење и комуницирање. Сликите кои ги претставувам се обид да се разреши загатката околу нашиот усет за слободата. Во нив се изразувам преку својот експресивен јазик, имајќи потешкотии да бидам современ, додека истовремено многу повеќе ме привлекува безвременоста. Дефинитивно нашиот современ проблем го изврши своето влијание да ги создадам сликите, кои би го третирале моето чувството на изолираност во нашето COVID-19 време. Тоа време, кое е релативна категорија, се однесува кон просторот – кон предметите и симболите, кои го легитимираат и го прават распознатливо од искуството, вели авторот Пецов.

Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со COVID-19, информираат од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.

Би можело да ве интересира

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев