„Менада“ за достигнувања во областа на танцот за Емилија Џипунова

Од:

Емилија Џипунова, припадник на првата генерација балетски уметници во Македонија, годинава ќе ја добие наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот, одлучи Советот на фестивалот „Танц фест“, кој годинава ќе се одржи по 11-ти пат.

– Таа постојано ја следи македонската танцова сцена, посебно во областа на балетската критика, со што го остава пишаниот збор како доказ за нејзиниот развој и прави етеричноста на магијата на танцот да биде запишана засекогаш и оставена на следните генерации, информира Интер-арт, организатор на „Танц фест“.

Емилија Џипунова како балетски уметник на 13 години станала член на првата балетска генерација во Македонија. Во 1949 година првпат како солист настапила во првата целовечерна балетска претстава „Бахчисарајска фонтана”. Се до пензионирањето во 1975 година, учествувала во сите балетски претстави, именувана како „истакнат солист”. Настапувала како солист во повеќе од 30 балетски претстави на сцената на Македонскиот народен театар, во кои реализирала значајни улоги, високо вреднувани од тогашната балетска критика. Настапувала со забележителен успех и во балетските сегменти на повеќе опери, изведувани на сцената на МНТ.

По пензионирањето, нејзината активност во областа на културата е насочена кон следење на сите балетски случувања во Македонија. Секоја изведба, професионална или аматерска е проследена со критички осврт, објавуван во културните рубрики на повеќе списанија и дневниот печат.

Автор е на текстот и наратор на телевизиски серии со едукативна содржина за балетот, како и на повеќе од 70 лексикографски единици за балетска уметност во различни енциклопедиски изданија. Автор е и на две книги: „Македонската балетска сцена” и „Балетот како врвна естетика на играта”.

Добитник е на повеќе плакети и признанија од институциите во кои работела, како и Орден на трудот со златен венец, доделен од Претседателот на поранешна СФРЈ.

Интер-арт соопшти дека годинава „Танц-фест“ ќе има богата програма, интернационален танцов натпревар и многу гости од странство.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска