Меморијална манифестација „Денот кога се роди добриот човек” во Кавадарци

Од:

Меморијална манифестација „Денот кога се роди добриот човек”, посветена на прерано починатиот скулптор Дејан Костов-Лиса се одржа синоќа во Кавадарци со поддршка од Министерството за култура.

– Станува збор за скулптор и сценограф на настани, урбан лик од Кавадарци, соработник на најдобрите кавадаречки ликовни уметници, музичари и литерати, дете на поубавата страна на кавадаречката приказна. Човек чиј лик е запишан на кавадаречкиот асфалт, рече Марјан Тодоровски од Здружнието за алтернативна култура „Алтер Центар“ Кавадарци, кое е организатор на настанот.

Во чест на Костов, на платото под винската куќа во градскиот парк, беа изложени оригинални уметнички фотографии на Јадран Манчев. Се одржа и целовечерна свирка од Bad-Ass-All, рок бенд со оригинална урбана кавадаречка приказна, видео и фото презентација на материјал од претходните изданија на манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија