Меѓународната мултимедијална колонија Битола 2014

Од:

Во рамки на фестивалот Битфест, од денеска до 3 јули ќе се одржи Меѓународната мултимедијална колонија Битола 2014.

На отворањето ќе биде промовирана книгата „Под кожа“ на писателката и сликарка Даниела Божичковиќ Радуловиќ од Петровац на Млава, Србија. Потоа, ќе следува Вечерта на љубовна поезија на која ќе настапат поети од Битола, Прилеп, Ресен, Струга и Скопје.

Мултимедијалната колонија Битола 2014 е под покровителство на Општина Битола и градоначалникот Владимир Талески, а ја организира Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.

Утре напладне ќе биде отворена фото-изложбата „Мотиви“ од Петар Ставрев, а на 3 јули ќе се одржи промоција на книгите „Театарот е фабрика на соништа“ од Зоран Пејковски и „Тетатарот како имагинарен остров“ од Христо Петрески. По промоцијата, ќе биде реализирана трибина на тема „Македонскиот современ театарски миг“, на која ќе говорат авторите Пејковски и Петрески. Истата вечер ќе бидат врачени и наградите Медијала за книжевност, за сликарство и за сценски настап.

На последниот ден од Меѓународната мултимедијална колонија Битола 2014 ќе биде отворена изложбата на новосоздадените ликовни дела. На колонијата, која се одржува втор пат, годинава учествуваат Даниела Божичковиќ Радуловиќ, Наталија Пулејкова Радеска, Илина Арсова, Дороти Пацкова, Христо Петрески, Мирјана Стојановска, Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ, како и гостите: Златко Жоглев, Аница Ѓорѓиевска, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Силвана Петрова Насух, Зоран Пејковски, Петко Шипинкаровски, Кире Неделковски, Милица Димитријовска – Радевска, Весна Мундишевска – Велјановска, Илче Стојановски, Билјана Т. Димко, Елизабета Јончиќ, Илија Мерковски, Никола Илијовски, Филип Димкоски, Наташа Зузаровска, Весна Миркова и други.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски