Меѓународeн поетски фестивал „Денови на Наим“ во Тетово

Од:

Меѓународeн поетски фестивал „Денови на Наим“ ќе се одржи од утре до 21 октомври во Тетово и во албанскиот град Корча, најавија денеска на прес- конференција од дирекцијата на фестивалот.

Фестивалот ќе биде отворен во 19:30 часот пред Центарот за култура „Иљо Антески Смок“, а се очекува да се обрати министерот за култура Хусни Исмаили, како и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

– Лауреат на годинешното издание е поетесата од Англија, Фиона Самсон, која ќе добие наградата „Наим Фрашери“, како и функцијата почесен член на дирекцијата на фестивалот. На вториот ден во општина Тетово ќе се промовираат 10 книги меѓу кои три книги на лауреатите, Антологија на фестивалот, Антологија на македонската модерна поезија и други книги на странски и албански поети. В петок попладне ќе одиме во Арабати Баба Теќе каде ќе имаме читање. Во сабота ќе патуваме за Корча каде е финалната вечер и доделувањето на наградите, изјави Шаип Емурлаху од дирекцијата на фестивалот.

На Меѓународниот поетски фестивал „Денови на Наим“ ќе учествуваат 40-тина поети од 10 земји.

Би можело да ве интересира

Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски ќе биде претставена на Американскиот универзитет во Благоевград

Ана Ололовска

Наградата „Ацо Караманов“ за Хусто Хорхе Падрон

Ана Ололовска

Промоција на стихозбирката „Небесна геометрија“ од Андреј Ал-Асади

Ана Ололовска

Поетесата Наташа Сарџоска настапи на 43. Плавски книжевни средби

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Ќе се завијам во песни“ од Снежана Стојчевска

Ана Ололовска

Промоција на стихозбирката „Зборот на непријателот/La parola del nemico“ од Лука Бенаси

Ана Ололовска