Медена оскаровска ноќ во „МКЦ“

Од:

МКЦ за сите љубители на филмската уметност на 9 февруари со почеток од 22 часот организира пренос во живо од доделувањето на оскарите и заедничко навивање за „Медена Земја“.

Иако првично беше најавено дека следењето во живо на доделувањето на оскарите ќе се емитува само во кино „Фросина, поради голем интерес од јавноста, за преносот ќе биде отворено цело “МКЦ”, а следењето на најпрестижните филмски награди ќе биде на повеќе екрани-стои во соопштението од Град Скопје.

Филмот „Медена Земја“ ќе се емитува во “МКЦ” со почеток во 22.30 часот, а за доброто расположение на оваа долга и возбудлива ноќ, ќе се погрижи музичката група „Фолтин“.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ испиша историја како прв документарец со две номинации за оскар.

„Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е номиниран во две категории за најпрестижните филмски награди во светот: најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм.

Заинтересираните граѓани треба навреме да ги подигнат бесплатните билети, а истите се достапни само на билетарницата во МКЦ.

Би можело да ве интересира

Шпанката Карла Софија Гаскон е првата трансродова актерка номинирана за Оскар

А1он

Оскари: Мјузиклот на Емилија Перез доби најмногу номинации, па следуваат „Бруталист“ и „Злица“

А1он

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ