„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Од:

„Матица македонска“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од една од најавтентичните и најактуелните српски писателки Зорана Шулц, во превод на македонски јазик. Романот за којшто претходнаѕа година се чекаше и во редици по неговото појавување, веќе е достапен и на македонските читатели. Станува збор за продолжение на бестселерот „Вкусот на гревот“ со којшто претходно, Шулц ги рушеше рекордите во регионот, потврдувајќи се како една од авторките што имаат најголем број следбеници и обожаватели во овој дел на Европа.

Најавен како роман којшто жените ќе го сакаат, а мажите ќе го читаат скришум, „Разоткривање“ како и во „Вкусот на гревот“, и според оцените на критичарите, секоја реченица е храбра, провокативна и до последен збор вистинита. Всушност, главна хероина во романот е самата авторка, која читателите ги води на возбудливо патување низ својот неверојатен живот што и надвор од книжевното дело го буди интересот во целиот регион.

Вљубувања, оние големи и оние само за една ноќ, врски со славни мажи, со актери, со сликари и музичари кои коленичеле пред неа, авантури, случувања, животни неволји, успеси, брак, прељуба, забранети врски, тајни што другите никогаш не би ги признале… Сето ова е опишано на страниците на оваа книга – како што се вели во критичките одгласи, „со зборови коишто удираат директно во срцето“.

Во автобиографското дело се открива дека Шулц, веќе трансформирана во книжевен лик е отфрлана уште како дете, а потоа многу брзо ќе постигне богатство и статус. Но, животот на висока нога не ја променил. Таа не крие дека во исто време е и фатална заводничка, а и сопруга посветена на својот сопруг дури и кога тој ја издава и ја изневерува, мајка која им го дала најдобриот дел од себе на своите деца.

Но, хеорината не се преправа. Во оваа приказна ниту едно чувство не е скриено: ниту чудниот вкус на еротиката што бликнува од страниците на романот „Вкусот на гревот” и на неговото продолжение „Разоткривање“, ниту љубовта, голема и безусловна, со која започнува и завршува патувањето на авторката.

Инаку, „Матица македонска“, пртходно ги објви и другите дела на Зорана Шулц и тие и натаму се надостапни за македонските читатели.

Би можело да ве интересира

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Импресивна изведба на шпанскиот тенор Елаис и италијанскиот пијанист Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград