Мастерклас на хрватскиот илустратор Свјетлан Јунаковиќ на фестивалот „Литера“

Од:

Големиот хрватски илустратор Свјетлан Јунаковиќ ќе учествува на 3.Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2021“. Легендата на некогашната југословенска илустраторска школа ќе го сподели своето искуство преку мастерклас вечер (18 часот) на зум-платформата.

Работилницата ќе трае два часа и е наменета за сите студенти, млади илустратори, уметници и сите вљубеници во оваа дејност, кои сакаат да дознаат повеќе за илустрацијата како уметност, но и да научат од богатото искуство на Јунаковиќ.

Свјетлан Јунаковиќ е роден на 23 јануари 1961 година во Загреб. Тој е сликар, скулптор и илустратор, најдобро познат по неговите детски сликовници. Освоил бројни меѓународни награда за неговите илустрации и учестувал на бројни изложби низ Европа. Дипломирал на Академијата „Брера“ во Милано, каде и специјализирал скулптура. Тој е професор на Академијата за применета уметност во Загреб и на Меѓународната школа во Сармеде во Италија.

Третото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца стартуваше на 3 месецов, со отворање на изложбата на еден од доајените на македонската илустрација Младен Туниќ.

Би можело да ве интересира

Конференција „Македонската современа сликовница“ на фестивалот „Литера 2023“

Ана Ололовска

Тркалезна маса „Како македонската литература за деца полесно да ги премине границите на нашата земја“

Ана Ололовска

Почнува Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера 2021“

Ана Ололовска

„Бел“, „Ежето Снеже“, „Брзоплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ и „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ – наградени на „Литера“ 2020

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Приказните ја обликуваат нашата фантазија, но и нашите вредносни животни јадра

Ана Ололовска

Конкурс за официјална илустрација на фестивалот „Литера 2020“

Ана Ололовска