Мастер клас со Клаудија Кардинале на ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Често одам во кино, ги поддржувам независните филски проекти и младите режисери, истакна на мастер клас во Битола, актерката Клаудија Кардинале, годинашен добитник на специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Кардинале која е во својата осма деценија од животот, пред битолчани и гостите на ИФФК „Браќа Манаки“ ги опиша филмските почетоци, бројните филмски остварувања, како и партнерите во филмовите со кои како што рече нема нити една љубовна афера.

– Имав можност за филмска кариера во Холивуд, но не сакав да останам во Америка. Соработката со Федерико Фелини и Пјетро Џерми ме лансира во светот на филмот, во тој свет во кој што најтешко беше во филмот да си една личност, а потоа во реалноста своја. Играв во многу филмови, никогаш не се разголив и никогаш не го продавав своето тело. Немам нити една афера со нити еден актер, рече Кардинале.

На мастер класот во Битола италијанската филмска дива потсети на филмовите со Ален Делон, Берт Ланкестер, Хенри Фонда, Чарлс Бронсон, но и со Брижит Бардо, за која рече дека и била идол, а не филмски противник.

– Немаше дуел меѓу Б.Б. (Брижит Бардо) и Ц.Ц. (Клаудија Кардинале), напротив таа ми беше идол и со задоволство го паметам филмот што се снимаше во Тунис, а во кој ние заедно учествуваме, посочи Кардинале, која во својата филмска кариера има 150 улоги.

Во чест на актерката Клаудија Кардинале, вечер во големата сала на НУ Центар за култура-Битола, во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде емитуван филмот „Благородни лаги“.

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов