Машкиот хор од Валаамскиот манастир ќе гостува во МОБ

Од:

Во Македонската опера и балет в недела ќе гостува свечениот машки хор на Валаамскиот манастир од Русија, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. „Староруски црковни песнопенија“ и „Најпопуларни руски песни и романси“ се на концертот кој ќе почне во 19 часот и е бесплатен за посетителите.

Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир е формиран во 2005 година со благослов на игуменот на манастирот, епископот Троицки Панкратиј, со цел да го придружува рускиот патријарх во свечените богослужби на островот Валаам, поврзани со крајот на реставрирањето и големото осветување на Спасопреображенската соборна црква.

– Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир е уникатен творечки колектив кој ги спојува богослужбеното пеење и световната концертна дејност. Хорот учествува во сите богослуженија кои рускиот патријарх ги одржува на Валаам, ги придружува свечените приеми за високи гости на островот. За време на летните поклонски сезони учесниците на хорот им помагаат на браќата во манастирот за време на свечени богослуженија, настапуваат со добротворни концерти, запознавајќи ги многубројните гости на манастирот со традициите на Валаамското црковно пеење, информира Руската амбасада во Скопје.

Хорот е составен од професионални музичари од Санкт Петербург, дипломци на Санктпетербуршката хорска школа во Државната академска капела „М.И.Глинка“ и Санктпетербуршкиот државен конзерваториум „Н.А.Римски – Корсаков“, дипломирани диригенти и пејачи. Диригентот на хорот, Алексеј Жуков, е дипломец на Санктпетербуршката хорска школа во Државната академска капела „М.И.Глинка“ и Академија на култура, кој ја започнал својата дејност како црковен диригент во 1989 година.

Првиот јавен настап на Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир бил во јануари 2007 година на свечен собир на Стопанска комора на Русија. Во мај 2008 година хорот настапил со соло-концерт во базиликата „Св.Никола“ во италијанскиот град Бари, а од 2009 до 2013 година гостувал во повеќе градови на Русија и имал голем број добротворни концерти.

Валаамскиот манастир е на островот Валаам – најголем во Валаамскиот архипелаг кој се наоѓа во северниот дел на езерото Ладога. Островот и припаѓа на република Карелија, која е во составот на Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски