МАНУ и БАН со проект за регионална соработка во процесот на евроинтеграцијата

Од:

Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките денеска во Скопје започнаа со реализација на проектот „Регионалната соработка и развој во процесот на европската интеграција: имплементирање на добрите ЕУ практики во ЈИЕ“.

Проектот е дел од заедничката соработка меѓу двете академии, а нејзини раководители се академик Владо Камбовски од МАНУ и проф. д-р Румјана Желева од Институтот за истражување на општеството и знаењето при БАН.

Истражувањето има за цел споредбено научно проникнување во основните фактори, стратегиски определби и цели на евроатлантските интеграции на државите од ЈИЕ, нивното регионално поврзување и нивните перспективи во новото политичко, правно и економско опкружување како членки на ЕУ и НАТО.

Истражувањето има два аспекта: ретроспективен и проспективен. Првиот се однесува на моменталниот статус во одделните држави и процесот на нивната евроатлантска интеграција и следењето на практиките на ЕУ во регионалната соработка и развој. Вториот аспект проникнува во придобивките од нивната регионална соработка и развој  низ интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија