Maнифестација „Стихови за жената и љубовта“ се одржа денеска во Друштвото за писателите на Македонија (ДПМ) во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
На манифестацијата стихови читаа 30 автори од различни генерации, а се одржа во знак на поддршка и афирмација на творештвото што го создаваат писателките.
Беа прочитани и песни на веќе починатите поетеси Даница Ручигај, Евгенија Шуплинова, Радмила Трифуновска и Светлана Христова Јоциќ.
Организатор на манифестацијата е Клубот „Даница Ручигај“ при ДПМ, а авторите ги најавуваше Александра Велинова. На писателките им беа поделени рози кои ги обезбеди цвеќара од Скопје.