Манифестација Ден на ДПМ во Куманово

Од:

Во Куманово вечер ќе се одржи манифестацијата Ден на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

На средбата, што ја организираат библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово и ДПМ, пред љубителите на литературата ќе настапат автори од повеќе генерации како Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Елена Пренџова, Веле Смилевски, Ристо Лазаров, Данило Коцевски, Санде Стојчевски, Билјана Станковска, Бранко Цветкоски, Бобан Богатиновски, Весна Ацевска, Братислав Ташковски, Оливера Доцевска, Јовица Тасевски Етернијан и Марина Мијаковска.

На отворањето на манифестацијата ќе се обратат директорката на Градската библиотека во Куманово, Нада Ивановска и претседателот на ДПМ, Веле Смилевски. Договорено е средбата да има традиционален карактер и таа секоја година да се одржува во октомври, во знак на слободарските традиции на Куманово.

Манифестацијата Ден на ДПМ во Куманово се организира во рамки на проектот  за дисперзија на културните настани во Македонија. Неодамна Ден на Друштвото на писателите се одржа во Гевгелија, а наскоро вакви манифестации ќе бидат организирани во Кавадарци, Охрид, Битола и Велес.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска