Манифестација „Браќата Манаки во Истанбул“

Од:

Во организација на Мимар Синан универзитетот за фини уметности, проуцентската компанија ЕСР Филм од Турција и Кинотеката на Македонија од 6 до 13 ноември 2014 година во Истанбул, се одржува манифестацијата „Браќата Манаки во Истанбул“.

Во рамките на манифестацијата е организирана проекција на филмскиот опус на браќата Манаки со музичка изведба во живо на Благој и Бојан Маротови. Маротови се автори на музиката специјално компонирана за илустрација на филмовите на браќата Манаки.

Покрај филмските проекции, отворена е и изложба на фотографии на браќата Манаки, подготвена од Роберт Јанкулоски, директор на Македонскиот центар за фотографија.

Во рамките на манифестацијата ќе биде организирана и презентација на Кинотеката на Македонија, како и тркалезна маса проследена со стручна дискусија за животот и делото на Јанаки и Милтон Манаки, на која ќе зборуваат Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотеката, и Игор Старделов, раководител на филмскиот архив во Кинотеката на Македонија.

brakjaManaki-istanbul1

На овој начин и Кинотека на Македонија дава свој придонес во одбележувањето на 100-годишнината на туркиот филм.

Сите активности се одржуваат во Мимар Синан универзитетот, еден од најреномираните универзитети во Турција, во чии рамки функционира и Филмскиот и ТВ институт кој е воедно и турски филмски архив. Инаку, во мај годинава, гости на Кинотеката на Македонија, односно турски делегати на 70 Конгрес на ФИАФ во Скопје беа Алев Идрисоглу, Асие Коркмаз и Дујгу Шекероглу од Филмскиот и ТВ институт на Мимар Синан универзитетот.

Манифестацијата е поддржана и од Министерство за култура и туризам на Република Турција, Министерството за култура на Република Македонија, како и од Генералната филмска дирекција и Филмскиот и ТВ институт од Истанбул.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски