„Малиот принц“ – фестивал за деца и младинци во организација на Штипскиот народен театар

Од:

Од денеска, па до крајот на неделата најмладата штипска публика ќе има можност да ужива во изведбата на неколку детски престави, кои ќе бидат дел од овогодишното издание на фестивалот за деца и младинци „Малиот принц“.

Фестивалот ќе го отвори Тетарот за деца и младинци од Скопје со претставата „Бескрајни соништа“ во режија на Боњо Лонгуров, а најмладата публика ќе има можност да ги погледне и преставите „Волшебникот од Оз“ на Струмичкиот театар и „Калифот штрк“ на Прилепскиот театар.

За жал, годинава Штипскиот народен театар нема да се претстави со своја претстава, но надлежните се надеваат дека во иднина Штипскиот народен театар, како носител на првиот фестивал за деца и младинци во Македонија, ќе добие финансиски средства барем за една театарска претстава за најмладите.

Преставите ќе се одиграат на големата сцена во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово