Македоснка компанија работеше на три од петте номинирани филма за оскар

Од:

Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х соработуваше во три од пет филма кои годинава се номинирани за најпосакуваната статуетка кај филмските работници на Американската филмска академија – Оскарот во категоријата на визуелни ефекти.

Станува збор за успешната соработка со тимот на Industrial Lights & Magic на третиот најпрофитабилен филм на сите времиња, „Marvels The Avengers” и на MPC Technicolor од Лондон, на филмовите „Prometheus” и „Life of Pi”. Останатите два филма во конкуренција се „The Hobbit: An Unexpected Jorney“ и „Snow White and the Huntsman“.

Tиe соработuvaa и нa проектот „Les Miserables” со Mill Film од Лондон – мјузикл, кој е номиниран за најдобар филм заедно со „Life of Pi”.

За соработката со овие компании Кристијан Даниловски, ко-основач на ФХ3Х вели дека претставува огромна чест и задоволство заради тоа што тие се едни од најстарите и најценетите компании во овој бизнис во светот и се врвот според квалитетот и техничката реализација на нивната работа.
– Ни претставува двојно задоволство што бевме дел од проектите кои се номинирани, но филмовите како што се „Одмаздници” и „Животот на Пи” го подигаат нивото на целата индуструја. Горди сме на секој проект, овие номинации се дел од највисоката валоризација на нашата работа во нашата индустрија, вели Даниловски.

Миливоје Ѓорѓевиќ, ко-основач на ФХ3Х, подвлекува дека во изминативе три години преку 90 отсто од нивната работа е ориентирана кон големите светски студија, каде што соработуваат со најголемите светски артисти од оваа област, на што се должи усовршувањето и порастот на компанијата.

– Континуираниот раст на компанијата условува посветеност на развој на ресурси и концепти. Индустријата од која сме дел е една од најкомпетитивните и постојано бара редефинирање на процесите и користење на најнови технологии. Ние веќе работиме на пет филмови кои веројатно ќе бидат номинирани за оскар во 2014, вели Ѓорѓевиќ.

Александар Вишемирски, супервизор во ФХ3Х посочува дека соработката со сите овие престижни компании се гради во насока таа да биде долгорочна и на взаемно задоволство.

– Се докажуваме според квалитетот и тоа е најважно, вели Вишемирски.

Во однос на понатамошниот развој на компанијата, на повидок е зголемување на тимот за уште близу сто нови вработувања во следните три години заради зголемениот обем на работа (во тек е регрутирање на нови артисти, пријавување на [email protected]). Од ФХ3Х ги потенцираат и ангажманите за поддршка на домашната филмска индустрија. Во моментов ја работат постпродукцијата на новиот филм на Столе Попов „До Балчак“, а биле ангажирани и на „Трето полувреме“ од Дарко Митревски и на „Балканот не е мртов“ од Алексдандар Поповски. Посакуваат во блиска иднина да излезат и со свој филмски продукт.

Инаку, 85-то доделување на оскарите за 2013 година ќе се случи в недела на полноќ во Лос Анџелес во театарот „Долби“. Тимот на ФХ3Х работеше на „Ранго“, кој во 2012 година освои оскар во категоријата на долгометражен анимиран филм.

Би можело да ве интересира

„Златниот лав“ го доби филмот на Алмодовар, за многумина е крајно контроверзен

Предраг Петровиќ

Контроверзен филм кој беше награден во Венеција со 17-минутен аплауз

Предраг Петровиќ

Синот на Ричард Гир ги воодушеви сите во Венеција

Предраг Петровиќ

„Бесконечна слобода“ – осмо издание на Фестивалот на краток филм „Drim Short“

Горан Наумовски

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Култниот филм со Ричард Гир ќе добие римејк, а познато е кој ќе го замени познатиот актер

Предраг Петровиќ