Македонските уметници ја одушевија јапонската публика

Од:

По повод одбележувањето на 20-годишнината од воспставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија, вчера во концертната сала Асакуса во Токио се одржа концерт на кој настапија оперски уметници од Македонската Опера и Балет.

Пред полната сала сe обрати првиот резидентен амбасадор на Македонија во Јапонија Андријана Цветковиќ која истакна дека македонско-јапинските дипломатски односи во изминатите две децении се карактеризираат со меѓусебна почит и поддршка. Амбасадорката истакна дека иако Република Македонија е релативно непозната за Јапонија, преку културата, а особено со универзалниот јазик на музиката можат да се премостат географските и културните далечини, и токму затоа амбасадата во Токио во периодот кој следува ќе работи на продлабочување културната соработка  меѓу двете земји.

Концертот беше отворен со македонската химна „Денес над Македонија се раѓа”  и со јапонската „Кимидајо“.

Во првиот дел беше изведена македонско-јапонска суита за тенор и оркестар од Алесандро Д‘агостини, каде како солист настапи Благој Нацоски, а под диригентска палка на Борјан Цанев.

Во вториот дел беше изведена 9-та симфонија на Бетовен, исто така под диригенство на Борјан Цанев, а како солисти настапија: Славица Петровска-Галиќ, Ирена Кавкалеска, Ѓорѓи Цуцкоски и Игор Дурловски.

Македонските уметници беа придружувани од „Вагнер сосајати оркестра“ на Кеио Универзитетот и „Јапонско-македонскиот хор на пријателство“.

Главен организатор на концерот е јапонскиот бас и претседател на „Токио Опера” Kазухиро Kотецу,  кој лани во Македонија ја отпеа „Болен ми лежи Миле Попјорданов“со што ја одушеви македонската публика.

Македонските уметници беа испратени со овации, аплауз и одушевување, а на паузата од концертот во холот се служеше македонско вино, информира Амбасадата на Македонија во Јапонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски