Македонскиот народен театар награден во БиХ

Од:

Македонскиот народен театар освои четири награди на театарскиот фестивал „Живи фест“ во Босна и Херцеговина за претставата „Нема да биде крај на светот“ од авторот Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ.

Со едногласната одлука на жирито во состав: Владо Керошевиќ – актер, Љиљана Чекиќ – актерка и Алмир Башовиќ – драмски писател, претставата освои: специјалната награда за режија е доделена на Нина Николиќ, наградата за најдобра актерка ја доби Дарја Ризова, наградата за најдобар актер оди во рацете на Саша Ханџиќ и специјалната награда за актерска игра ја освои Џана Џаниќ.

„Нема да биде крај на светот“ првата премиерна изведба ја имаше на 18 септември во Сараевски ратни театар – САРТР, Сараево, а скопската премиера во Македонскиот народен театар се очекува кон крајот на ноември.

Засновајќи ја својата режија првенствено на посветената работа со актерите, Нина Николиќ не потсети на степенот до кој театарот е синтеза на различни елементи, но во своите најдобри моменти тоа главно се базира на способноста да остане првенствено актерска уметност, наведуваат од МНТ.

Дарја Ризова демонстрира големи актерски способности засновани на суптилни актерски средства, покажувајќи дека актерската уметност која води до убедлив сценски свет е многу способна да ги надмине јазичните бариери.

Играјќи ја својата улога на два јазика, босански и македонски, Саша Ханџиќ покажува голема способност за актерска трансформација на сцената, како и големо мајсторство на актерските средства, кое пред се се заснова на чувството за мерка.

Џенана Џаниќ со својата улога и изборот на актери успеа да постигне висок степен на сценска уверливост, нудејќи ни можност да се поистоветиме со светот на претставата, притоа убедувајќи нè дека стилската редукција понекогаш е доказ дека „уметноста може да биде повеќе“.

Претставата „Нема да биде крај на светот“ е во продукција на Перипетија продукција – Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар – САРТР.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска