Македонски стрип-автори и карикатуристи ќе учествуваат на 10. Интернационален фестивал на стрип и карикатура во Призрен, организиран од Асоцијацијата на косовски стрип-автори Џенет Комикс.
Специјални гости од Македонија се стрип-авторите Иванка Апостолова, Александар Стеванов, Златко Крстевски, Весна Ничевска-Саравинова и карикатуристот Јордан Поп Илијев.
Апостолова денеска ќе го промовира стрип-албумот „Personal Futurism / Public Politics”, а Стеванов ќе го претстави краткиот стрип „Вистинска љубов“, илустриран од Кирси Салонен, кој е второнаграден на конкурсот на Интернационалниот стрип салон во организација на Стрип центарот на Македонија.
Јордан Поп Илијев ќе зборува за македонските карикатуристи, а Ничевска-Саравинова и Крстевски пред косовската публика ќе ги претстават најновите случувања поврзани со македонскиот стрип.
Покрај автори од Македонија и Косово, на фестивалот ќе има учесници и од Бугарија, Србија, Турција, Словенија, Албанија и од Кипар.