Македонски сатиричари ќе учествуват на „Сатира фест“ во Белград

Од:

Македонските сатиричари Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински ќе ја претставуваат македонската сатира на фестивалот на сатирата „Сатира фест“ во Белград, кој ќе се одржува на 12 октомври со учество на педесетина сатиричари од Европа.

За делчевскиот афористичар и сатиричар Ѓорѓијоски, настапот на овој фестивал е потврда за исклучителното значење на македонската сатира која е во чекор со европската.

– Ние ќе имаме свое претставување на нашите афоризми и сатира што ни претставува посебна чест, пред се, бидејќи ќе имаме можност со нашата сатира да се „спротивставиме“ на врвните европски имиња во сатирата. Верувам дека ќе го продолжиме патот кон врвот на македонската сатира во европски рамки. Последниве години македонската сатира бележи константен напредок, а тоа се потврдува на сите фестивали низ Европа, кои не поминуваат без наши претставници, рече Ѓорѓијоски.

Додаде дека македонските афористичари се неуморни во својата работа за што говори и последната книга со афоризми која излезе од печат деновиве во издание на Домот на културата „Тошо Арсов“ .

– Во „Македонска сатирична ризница“ со свои афоризми се застапени нашите познати афористичари Софе Штерјоски, Иван Карадак, Љупчо Силјановски, Васил Толевски, Ванчо Полазаревски и моите афоризми. Во книгата има преку две илјади афоризми, што претставува избор од целокупното наше творештво. Народот, каков што е македонскиот, има богато културно наследство, пред сѐ, поговорки, пословици или гатанки и нормално е, меѓу другото, да има и вистинска ризница од афоризми создадена од талентирани мајстори на овој литературен вид кој за многумина е еден од најтешките, рече Ѓорѓијоски.

Би можело да ве интересира

Подготвена програмата за фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Ана Ололовска

Вечер на македонскиот афоризам по деветти пат во Кочани

Ана Ололовска

Излезе од печат „Сатирични ѕврчки“ од Крум Николовски

Ана Ололовска

Македонската сатира збогатена со насловот ,,Сатирични мистерии” од Миле Ѓорѓијоски

А1он

„Сатирични мистерии” прва книга од македонски сатиричар објавена на странски јазик

Ана Ололовска

Утре почнува фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“